БУГАРИЈА БАРА ГАРАНЦИИ, сопругата да не го тепа оној од клубот Ванчо Михајлов

Забава

Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република  Македонија со бугарска самосвест. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесе проруската БГНЕС.

Европската перспектива на Западен Балкан завис од тоа дали жената повторно ќе го истепа или не, оној со свеќарата од Клубот Ванчо Михајлов, според илузиите на Генчовска. Зашто ако некој Бугарин од Македонија биде само погледнат преку око, тоа е крај за шансите за ЕУ да се прошири на Балкан.

Во последните месеци, сите знаете дека Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република  Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република  Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. – изјави таа за медиумите.

Од Скопје очекуваме конкретни акции кон сопругата на свеќарот, доколку во иднина повторни и текне да го нашлака, да имаме гаранции за трајно и неповратно спречување на нејзината северномакедонистичка титовистичка агресија кон недолжен и чесен Бугарин по професија од Македонија.