
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Дали и колку е „платежно мотивирана“ Преспа од Атина
Република Македонија и Република Грција потпишаа меѓусебен Договор кој беше именуван како Преспански. Ова многу добро ни е познато и јасни се последиците од истиот.
Но под кои околности и што беше главниот мотив за негово потпишување, останува дилема и во јавноста и помеѓу дипломатите, кои во кулуарите често знаат да отворат дискусија на оваа тема. Што се случило во последните три дена пред да се каже ДА на овој договор?
Јавноста се сеќава на драматичната изјава на тогашниот МНР Димитров, само два дена пред да се соопшти Договорот, дека разговорите во Атина се прекинати, Грците поставуваат невозможни услови и дека шефот на македонскиот тим се враќа за Скопје.
Зачестуваат инормациите за двете „конечни верзии“ на Преспански договор, за одбивање од страна на Димитров да прифати една од верзиите, која замислете, дипломатите известуваат дека е токму таа која на крај била објавена за „конечна“ и самиот Димитров своерачно ја потпиша.
Што го мотивирало Никола Димитров за само 24 часа, да го промени своето мислење, да се врати на преговарачка маса во Атина и да каже ДА, токму на верзијата на Преспански договор, кој само пред еден ден ја отфрлил и одбил да продолжи разговори? Што е причината за ова „салто мортале“ на Никола Димитров?
Сознанијата до кои неофицијално од дипломатски извори доаѓа МКДнес се повеќе од скандалозни. Дел од дипломатите, кои доаѓаат од земјите од ЕУ, информираат и за конкретни банкарски трансакции, дури и имиња на Банки преку кои наводно биле „мотивирани“ дел од Македонците.
Цената особено се покачила во врска со грчките барања за имплементација на Преспа во внатрешната употреба во Македонија, за разлика од онаа за надворешна, која не била спорна. Дали драматуршките испади на Димитров, ден или два пред конечното ДА, биле во насока на покачување на цената? Дали Димитров и Заев играле добриот и лошиот полицаец, пред конечното „пазарење“ со Грците? Секако Заев морало да биде добриот, наивниот и простодушниот со рачето на срце.
Дали европските дипломати имаат некои задни намери, па сакаат да извршат некој удар врз двоецот Заев – Димитров, или тоа е реална состојба, за која веќе нашироко се говори?
Имало „мотивирачки фактор“ на само 12 часови пред судбоносното ДА на Заев и Димитров на „лошата верзија“ на Преспанскиот Договор, а за тоа дипломатите најавуваат и објава на аргументи и докази. Што е тој фактор? Закана? Уцена? Убедување? Ветување?
Секако Заев и Димитров имаат одговор на тоа прашање, а МКДенес стои на располагање истото, доколку сметаат за потребно и одговорно, да го објави. Можеби е подобро да биде објавена „заевата верзија“ за мотивацијата од Атина, пред онаа т.н. „дипломатска верзија“. Така можеби ќе се заштитиме и како нација и држава од некои „непроверени факти“ кои доаѓаат од странство од ЕУ дипломати.
„Странската верзија“ е исклучително непријатна за Димитров. Тој стил на „мотивирана“ шарм дипломатија, многумина изјавуваат дека е својствена за него. Токму тоа и било причината зошто така нечујно, токму после Преспа, наместо ловоров венец, Димитров е тргнат од МНР со „странски амин“.
Со цел да бидат исполнети „домашните задачи“ за предвремена имплементација на Преспански договор внатре во Македонија, Димитров бил оставен да „почека“ како вицепремиер за ЕУ, да дозаврши обврски преземени со „мотивацијата“ од Атина, а потоа неславно да биде „пензиониран“.
Што би рекол Никола Димитров, „Има некој горе и гледа“! А гледа ли Никола за околностите под кои ти го потпиша договорот?
Прашање на денови, па и на часови е кога ќе прогледа и македонскиот граѓанин, благодарение на „дипломатска логистика“, на која токму Димитров толку многу се крсти.
МКДенес се додека не го открие мотивот на дипломатите, нема да избрзува со било кои информации во јавност, особено не со некои со кои се нарушува достоинството на Македонија, без разлика што за тоа допринеле неранимајковци, кои преговарале за Преспа.