ВИКЕНД НА МРТОВЦИ ВО БУГАРИЈА, Владини некрофили собираат коски и черепи

Изјави

Жална слика во Бугарија, отворена е нова мода, собираат коски и черепи од умрени историски ликови, па макар тоа биле и погрешни остатоци и од погрешни гробови. На новата мода се навлече и партијата на премиерот Кирил Петков, која активно се вклучи во акцијата за собирање на мртовци!

Отакако минатите денови Бугарија успеа да собере коски од Св. Кирил и Методиј, а никој не знае каде е гробот на Методиј, додека пак гробот на Кирил никогаш не е отворен, денес веќе се вклучи и партијата на Кирил Петков со собирање на коските на Цар Самуил.

Така шутракот, пратеник од партијата на Кирил Петков, „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев – побара Македонија да ги врати коските на Цар Самоил, кои пак се наоѓаат во Грција. Монти пајтон држава е Бугарија!

„Северна Македонија и наложеното вето за пристапување во Европската унија не е водечко прашање за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку Северна Македонија не даде гаранции и гестови дека ќе ги исполни своите обврски. Еден таков гест е враќање на коските на цар Самуил кај нас.“ Ова го изјави шутракот пратеникот од „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев за БНТ.

Сепак, коските на царот Самуил се во Солун и Бугарија долго време преговара со грчките власти за нивно враќање. Тие не се под јурисдикција на Македонија и нејасно е како тој ги бара од Македонија да и ги врати на Бугарија.

Необјасниво е Македонија да и ги врати на Бугарија во контекст на укинувањето на ветото, освен ако Сабрутев не ја помешал историјата, пишува Епицентар.Бг. Си фативме работа со болни ликови, некрофили без грам мозок!

Во 1969 година, грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос ја ископал базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро и пронашол четири богати гробници во неговиот десен наос, од кои три биле ограбени во средниот век. И покрај отсуството на натписи, Муцопулос сугерира дека тоа се гробовите на Самуил, неговиот внук и последен владетел Иван Владислав, неговиот зет Иван Владимир и неговиот син цар Гаврило Радомир.

Грција е подготвена да ги замени, доколку за коските добие неколку стари византиски ракописи, кои сега се наоѓаат во Бугарија. Ова прашање постојано се поставуваше пред Бојко Борисов за време на неговото владеење, но бугарските историчари, особено проф. Аксинија Џурова, која ги чува овие византиски ракописи, одбиваат да ја направат оваа размена.

Премиерот Кирил Петков од своја страна им постави „задача“ на бугарските историчари да направат се што е можно за да им дадат на Грците тоа што го сакаат за да ги добијат моштите на цар Самоил, „бидејќи со овој чин сакал да влезе во историјата“.

Завали Петко, ние го мислиме модерен европски политичар, кој ќе влегува во историјата со современи дела од 21ви век, тој сакал да стане јунак со коски и черепи од среден век.

Според пратеникот Венко Сабрутев, актуелни теми за луѓето се инфлацијата, цените на горивата и гасната криза, а не Македонија. Македонија мора да ги исполни своите обврски и да направи гестови кон Бугарија за да му потврди на бугарскиот народ дека ќе ја промени својата политика, нагласи Сабрутев.

Според него, за Македонија треба да се бара национален консензус и не може да се очекува единствено решение за ова прашање. Секоја институција мора да влезе во својата улога, мора да разговара со претседателот, владата и да има национален консензус меѓу народот, објасни Сабрутев.