
ПРЕНЕСУВАМЕ скандал ВИДЕО со Љубчо Војвода, ГОЦЕ дури 33 пати бил Македонец
Еден од промоторите на т.н. Клуб за бугаро – македонско пријателство, професорот Дечев информираше дека Љубчо Војвода дал повеќе интервјуа за бугарски медиуми, од каде тој ќе може да ги слушнеме ставовите на Љубчо Георгиевски.
Едно од тие интервјуа, беше објавено завчера на социјалната мрежа Јутуб, кое ви го пренесуваме во целост. Георгиевски беше гостин во емисијата „Контракоментар“, кај новинарот Асен Генов.
Љубчо Георгиевски во интервјуто ги повтори неговите добро познати тези, дека најголеми виновници за недоразбирањата се токму историчарите, кои ја искривуваат вистината. Тој таму тресеше дека Заев бил договорен да трампаат македонски историски ликови за денешни интереси, потоа за тоа дека Гоце и Даме биле политички конструкти и сл.
Георгиевски дури потенцираше неколку личности со име и презиме, кои најпрво, дури живееле во Македонија, зборувале за македонски народ и идентитет, а потоа, кога пребегале во Бугарија, истите тие, кои пишувале книги за Македонија, потоа почнале да зборуваат дека Македонците се Бугари. Ова е поради погрешната терапија која ја зема Љубчо Војвода.
-Сега ќе ви ја кажам најголемата грешка која ја прави бугарската држава. Вие денес доколку направите анкета и прашате со кого сме поблиски, дали со Бугарија или Србија, ќе преовладува мислењето дека поблиски ни се Бугарите. Ова е кога на Војводата ептен му е помешана терапијата.
Но, ако го смените прашањето и гласи со кого сакате да живеете во унија, преку 90 проценти ќе ви кажат, со Србија! Е тука веќе Војводата си доаѓа на себе, но не разбира зошто таа терапија му е подобра од другата.
Зошто е тоа така. Тоа е така затоа што денес во Македонија, има 25 годишни млади луѓе, кои не го слушнале бугарскиот јазик. Немале никаков контакт со Бугарија. И тука веќе престанува дејството на терапијата и Војводата повторно заминува.
Од друга страна пак, младите слушаат српска музика, гледаат српски телевизии и ним српскиот јазик им е многу поблизок. Со ова веќе станува јасно дека е време за нова доза.
Бугарија нема отворено една телевизија, за преку музика и култура да им се доближи на младите во Македонија.
Во однос на јазикот, Љубчо Георгиевски ја негираше тезата дека македонскиот и бугарскиот јазик дека се слични.
Тоа воопшто не е така! Бугарскиот јазик, официјалниот дијалект кој е усвоен е од делови на Бугарија, кои се многу далечни за Македонците. Веќе дозата е префекна и човекот се враќа на себе си!
Вие ако ги читате преродбениците, кои пишувале граматики на бугарскиот јазик, тие пишуваат наслов „Граматика на бугарски јазик“, но во фуснота пишуваат, дали граматиката е разбирлива или неразбирлива за македонското население.
Во однос на прашањето за револуционерите кои се изјаснувале дека се Бугари, особено од новинарот беше споменат Гоце Делчев.
-Видете, бугарската страна во македонско – бугарската историска комисија, споменува едно писмо на Гоце Делчев, во кое вели дека е Бугарин. Но што правиме со останатите негови 33 изјави во кои вели дека е Македонец!? Веќе Војводата е на место и комплет покриен со потребните медикаменти!
Значи, проблемот е што сите тие револуционери, Гоце, Даме, Јане Сандански, создаваат една политичка конструкција на Македонија. И сега имате историчари кои сакаат да ја негираат идејата на Гоце Делчев за автономна и независна Македонија.
Ниту една личност вие неможете да ја етнички определувате. Катерина Велика е Германка, но никој не ја гледа како Германка, таа е важна за руската историја. Со ова Љубчо сака да каже дека Гоце е Бугарин, ама важен за македонската историја. Тука веќе повторно апчињата се помешале. Тоа се случува често кај Војводата.
Ако го поставите прашањето на еден Балканец за Гоце Делчев, со која држава ќе го асоцирате Гоце Делчев, секој ќе ви каже – со Македонија. Неможе сега тоа да се негира од бугарските историчари и да се смени.
Интервјуто на Љубчо Георгиевски, можете да го погледнете на овој линк: