БОГОЈЕСКИ ПРАШУВА што имаат Бугарите со Св. Кирил и Методиј

Балкан

Во очи Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, се отворија низа прашања со легитимитетот на Бугарите да ги присвојуваат или чествуваат овие Свети личности. Јавноста не покажува високи познавања, но вознемирува фактот што молчат и од МАНУ и од ИНИ или други надлежни институции, оставајќи простор на Бугарите да одземаат значаен дел од македонската историја.

Од своја страна Бугарите и покрај сите напори и закани, не успеваат да го замолчат Петар Богојески, лидерот на Македонски Концепт, кој отворено во јавноста ги отвара суштинските прашања во контекст на македонско – бугарските односи.

Тој не се воздржува да постави прашање, но и да посочи аргументи, во делот каде Бугарија продолжува со скандалозното однесување од времето на живковизмот на СССР и фалсификувањето на историјата и реалноста во која живееме.

Богојески смета дека Св. Кирил и Методија или Константин Филозоф и Методија воениот стратег биле ромејски дипломати или мисионери, најголемите антибугари на сите времиња и тие немаат ништо заедничко со Бугарија и Бугарите, кои се самопонижуваат чествувајќи ги своите душмани. Тоа е исто како ние во Македонија да ги чествуваме Каравангелис или Бахтијар Паша и да кажеме дека се Македонци кои ја создале македонската култура и идентитет, вели Богојески.

Во врска скандалозната најава на БАН и Бугарската Црква дека во Софија ќе пристигнат моштите на Светите Браќа Кирил и Методија, испратени од Света Гора, Богојески тврди дека тоа е срамно и исто како ние да ги чекаме моштите на Александар Македонски, а немаме појма каде му е гробот.

„ЖАЛНО!

Мене вистина ми е жал за бугарскиот народ, кој живее во свет на лаги и измислици!

Бугарите не знаат кои се, од каде потекнуваат, кој им е доминантен идентитет, а сега уште ова им фалаше! Трагично!

Го натераа тој кутар народ да се поклонува пред мошти на Светци, кои не постојат!

Го натераа тој кутар народ да верува дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, а тие најголемите антибугари на сите времиња!

Го натераа тој народ да одбележува Ден на бугарска писменост на денот на Св. Кирил и Методиј, на оние Светци кои ја создале Глаголицата, а таа никогаш не се употребувала во Бугарија, особено не за време на Хановите!

Трагично, жално, смешно, мизерно… како сакате кажете, ама ова е начисто забегано!

Бог на помош на Бугарите со вакви политичари и владици… кои смислено со фалсификати го лажат прво својот народ, а потоа се обидуваат и целиот свет!

Јас кажав, па они си знаат!“ – стои во писмената реакција на Богојески на социјалната мрежа Фејзбук.

Богојески во повеќе наврати изразува чудење зошто воопшто на Гробот на Св. Кирил во Рим оди бугарска делегација, а тоа за Богојески е исто како македонска делегација да оди на гробот на султанот Мустафа Трети кој незаконски ја укинал Охридската Архиепископија.

„На сликата е гробот на Св. Кирил во Рим!

Јас до ден денешен не разбрав што бара бугарска делегација на 24ти Мај во Рим, на гробот на најголемиот АНТИБУГАРИН на сите времиња!

Императорот Василиј II Македонски – Бугароубиецот може вода да им носи на антибугарските постигнувања на Св. Кирил и Св. Методиј!

Ако некој ја уништија вистинската Бугарска Империја, ако некој ја уништија вистинската бугарска династија, култура, идентитет, писмо, јазик… ако некој го уништи бугаризмот, тоа се браќата Константин и Методија или познати како Св. Кирил и Св. Методиј!

Тие сто рала чевли скинале… пола свет го поминале, само и само Бугарија да биде уништена! И успеале… ја уништиле!

Тогаш денешните Бугари или ќе прифатат дека се македонизирани “мештани” на територијата на некогашната славна империја Бугарија или не гледам причина воопшто да се замараат со Светите браќа!

Ама тие си знаат!“ – истакнува Богојески.

После неговите објави, на социјалните мрежи се појавија рој од бугарски лажни или реални профили кои започнаа жестоки критики кон него, но и кон граѓаните кои со свои коментари даваат широка поддршка на Богојески.

Забележително, Бугарите не коментираат со некои аргументи или со кредибилна критика кон тврдењата на Богојески, туку со навреди и лични дисквалификации од типот на Титоистан, северномакедонци, северџани, коминетрноци, испрдоци на Сталин и Тито… низа примери за говор на омраза, за кој плачат токму Бугарите дека постои во Македонија.

Најочигледно говорот на омраза доаѓа токму од Бугарија и тој е дирекно поттикнуван од државните власти на таа држава, особено од будалетинките од МНИ или БАН кои наводно „научно“ се занимавале со македонското прашање.