ЕКСКЛУЗИВНО: Што се подготвува за МПЦ – ОА и како да се заштитиме?

РЕЛИГИЈА

Во овој момент веќе се насетуваат „искри“ на релацијата Вселенска Патријаршија (ВП) и Српска православна Црква (СПЦ) на темата признавање на Македонска православна Црква или Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Интересно, за разлика од Руската црква, СПЦ не го оспорува правото на ВП да издава Томоси за афтокефалија на помесните Цркви, но своите интереси ги заштитува на исклучително лукав начин. Кој е тој начин во случајот со МПЦ – ОА?

СПЦ нуди „единство“ со МПЦ, преку спуштање на рангот на независноста на Црквата во Македонија од афтокефална во „најширока автономија“, но да останело името МПЦ, без „непотребното“ ОА. Со други зборови, МПЦ да стане „јужно србијанска Црква“, демек автономна колку што е таа сектата на Вранишковски, но без признавање на вековното наследство од Охридската Архиепископија, да не зборуваме воопшто за Јустинијана Прима, туку како новокомпонирана комунистичка Црква од југословенската ера.

ВП нуди сосема обратното, афтокефалија за ОА, целокупното вековно, древно наследство, но без правото да се користи МПЦ пред другите Цркви и при сослужување со нив, а да не се допира во Статутот на МПЦ – ОА и дома да се нарекуваме како сакаме. Тоа се објаснува со ограниченото дејствување во рамки на државата Северна Македонија, бидејќи во соседните земји си има други Цркви.

Зошто се појавуваат такви разлики? Дали оваа или онаа Црква повеќе или помалку ја сака или почитува МПЦ – ОА? Секако не!

Тоа е бидејќи секоја Црква си има свои интереси, а тие интереси го раководат светот, па и светот на православието.

Но што се сокрива зад целата таа игра помеѓу ВП и СПЦ, поткрепена од РПЦ? Тоа е правото на доминација врз целокупната православна екумена, во која ВП сака да вброи уште една помесна афтокефална, древна Црква како ОА, а со тоа да и нанесе удар на амбициите на РПЦ да раководи со православието низ светот, како што тоа го направи со прифаќањето на Украинската Црква.

Од каде извира правото на ВП да ја признае ОА како афтокефална Црква, нешто кое на нас Македонците екстремно многу ни одговара?

Тоа го појаснуваат еминентните православни теолози во светот, кои немаат никаква дилема дека Вселенската патријаршија води исправен пат до признавање на автокефалност статус  на Охридската Архиепископија, преку процесот на апелација што МПЦ-ОА го побара пред 4 години.

Митрополитот на Аркалохори, Кастели и Вијано (на Крит), Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, во текст ја анализира одлуката на Вселенската патријаршија како исправна, но и објаснува зошто се определува идната дијацеза на Охридската Архиепископија на територијата на денешната држава Македонија.

-Како име на оваа Црква го признава „Охридска Архиепископија“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција, објаснува во текстот Митрополитот Аркалохори.

Во текстот тој точно го лоцира и правото по кое Вселенскиот патријарх може и треба да одобри автокефалност на црквата во Македонија, посочувајќи ги искуствата со сите цркви на Балканот кои својата црковна власт ја добивале или губеле во зависност од тоа како се ширеле, или стеснувале државните граници. Тоа е случај и со Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Романија, сега и со Македонија.

-Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално – државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас.

СЕГА СЛЕДУВА КЛУЧНОТО!!! ЧИТАТЕЛИТЕ БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!!!

Кога Србија се проширила на териториите на некогашната Отоманска Империја и земала дел од Македонија под своја власт, а покасно и се создало Кралство СХС, кое добило Томос за афтокефална Црква од ВП, епархиите во Вардарска Македонија и биле дадени на СПЦ од страна на ВП.

Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила – говорам за Северна Македонија – тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија.

Тоа значи дека на Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во епархите кои претходно биле дадени на друга Црква како СПЦ, но откако врз таа територија Србија изгубила државна власт, во новата независна држава работите повторно се решаваат од страна на ВП.

Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава, појаснува професорот на Аристотеловиот универзитет.

ТОА Е КЛУЧНОТО! СПЦ тврди дека и покрај тоа што Србија изгубила државна власт врз Македонија, таа е чувар на „српскиот свет“ и дека таа има право да одлучува за епархиите во Македонија и во новата држава Северна Македонија, без разлика што согласно Каноните, таа тие епархии ги изгубила и истите се враќаат во единство на Мајката Црква ВП, што всушност и се случи на 09.05.2022 година со одлуката на ВП да ја признае ОА.

Со тоа на СПЦ веќе и се одземени сите права врз епархиите во Македонија, кои се дел од МПЦ – ОА и нема право за нив да одлучува, освен административно да ги уреди односите со новата признаена ОА од страна на Мајката Црква ВП, што всушност е наведено и во актот за признавање.

Но со тоа не се согласува СПЦ, а нивниот патријарх Порфириј на почеток на српскиот сабор даде исклучително националистичка порака во која СПЦ ја прогласи за надлежна врз сите територии кои некогаш биле под власта на Србија или Кралство СХС или Кралство Југославија, а со тоа и врз епархиите на МПЦ – ОА, со барање дирекно да преговара со македонските Владици за посебен статус на МПЦ во рамки на СПЦ.

Тоа е крајна лукавост и непријателски чин кон Македонија и Македонците од страна на СПЦ и враќање на МПЦ – ОА назад пред „расколот“ со цел да изгубиме право на „апелација“ од ВП и со тоа да не добиеме Томос за афтокефалија. Согласно каноните, доколку македонските Владици се согласат со тоа, ние нема да станеме независна Црква, а доколку сакаме повторно апелациона одлука од Цариград, ќе мораме одново да чекаме следни минимум 30 години, за да добиеме право на „поплака“!

Доколку Владиците на МПЦ – ОА, особено оние од постарата генерација, емотивни на „српски свет“, пристапат кон ваквата лукавост на Порфириј, МПЦ – ОА ќе биде уништена и сведена на ниво на сектата на Вранишковски Зоран.

Токму тоа на српскиот сабор го прогласи Порфириј, во присуство на Зоран Вранишковски, дека СПЦ е симбол за единство на „српски свет“, без разлика на државните граници на Србија. Со тоа ни порача дека доколку сакаме признавање на МПЦ – ОА од страна на СПЦ, ние мораме да прифатиме да бидеме дел од тој „српски свет“, а да влеземе во рамките на сектата на Вранишковски, наречена ПОА.

ШТО Е СЛЕДНО? ШТО Е НАЈДОБРО ЗА МПЦ – ОА?

Следниот чекор кој доаѓа од Вартоломеј и ВП е токму Томос за афтокефалност. Тоа е процес кој не се решава еднострано, туку е потребна согласност и од политичките власти во новата држава. Во случајот со Македонија тоа е веќе дефинирано прашање, бидејќи државните власти веќе неколку пати дадоа согласност и дури побараа од Вселенскиот патријарх издавање Томос за афтокефалност. Митрополитот на Критската црква, констатира дека согласно договорот од Преспа, независната држава нема политички проблеми и дека практично се исполнети сите услови.

– Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава. Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Северна Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“ меѓу балканските држави, вели во анализа Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано (на Крит), Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун.

Тој е најблискиот соработник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј Константинополски, и всушност преку неговата писмена анализа, на нас Македонците ни ја испраќа писмената понуда од ВП и ни го просветлува патот до самостојна, афтокефална МПЦ – ОА, дирекна наследничка на древните Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима, бидејќи македонската државна власт тоа официјално го побарала и веќе нема пречки за истото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!! ОВА Е ЗАМКАТА ЗА МПЦ – ОА И ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

Со понудата и одлуката на Вартоломеј и ВП не се согласува Србија и СПЦ, кои сметаат дека Македонија и МПЦ мора да бидета и останат дел од т.н. „српски свет“. Тие преземаа и активни мерки последните денови во таа насока!

СПЦ го започна соборот во Сремски Карловац, со голема провокација кон МПЦ – ОА, промовирајќи некава си Обединета Српска црква чиј составен дел биле и епархиите во Македонија, на масовна прослава на 100 годишнината од Томосот за автокефалвност и обединувањето на сите српски црковни делови во една црква.

Беше отслужена Литургија, како молитвен почеток на работата на Соборот, повторно со огромна провокација кон Македонија и Македонците, бидејќи на тој настан централно место му е дадено на секташот Зоран Вранишковски.

Иако МПЦ – ОА се надева на позитивни одлуки од овој Собор, сепак се она што деновите се случува во патријаршискиот двор на СПЦ е во духот на воспевање на единството на СПЦ, чиј составен дел замислете била и МПЦ.

Во знак на крајна провокација кон МПЦ – ОА и ВП, утринската литургија ја служеа тројцата владици кои денеска биле дел од три различни држави, а Телевизијата Храм на СПЦ нив ги нарекува „татковински архереи“. Тоа бил Зоран Вранишковски, како „архиепископ на ПОА“, Хризостом, „митрополит на Босна“ и Јоаникје, „митрополит на Црна Гора“. Сите до еден неканонски и незаконски поставени без благослов и одлука на ВП, која има право да создаде посебни Цркви во сите тие нови држави, нешто од што СПЦ има уплав. Тие заедно со поглаварот на СПЦ, патријархот Порфириј, литургиски го демонстрирале единството на СПЦ.

Со тоа, на сите нас во Македонија ни е јасно колку е часот и што можеме да очекуваме од СПЦ. Затоа МПЦ – ОА си има свој исправен став на апелациона одлука од Константинопол, до добивање на Томос за афтокефалија.

Однесувањето на лукавиот Порфитиј беше за очекување. Во Посланието за стогодишнината од автокефалноста и обновата на Печката Патријаршија, како Обединета српска црква има уште поскандалозно тврдење. Во тоа послание во најмалку десет пати се потенцира духовното единството на сите српски земји, а тоа се мисли и на Македонија како таква.

– Српската Православна црква од неканонското и насилно укинување на Печката Патријаршија во 1766 година, живееше поделена во митрополии и епископии во границите на различни држави, но и во тие услови, секоја црковна организиацина единица се стремела да го зачува духовниот и национален идентитет на своето стадо, да обезбеди опстанок на српскиот народ.

Тоа ги правеше и по цена на најголемите жртви, непрекинато разгорувајќи го пламенот на надеж дека сите православни Срби повторно ќе се соберат под омофорот и пред тронот на српскиот првопрестолник, светителот Сава. И конечно, после победата во Големата војна, по ослободувањето и создавањето на државата на јужните Словени, на 12 септеври 1920 година, во Сремски Карловац, во присуство на реганот Александар Караџорџевиќ и во присуство на државни претставници одржан е Собор на архиереи, на кој после 154 години, со литургиско единство, кое никогаш и не било нарушено, е воспоставено и канонско и административно единство и свечено е прогласена обновената Печка Патријаршија, односно Српската Православна Црква, на подрачјето на нејзината историска и канонска јуриздикциј. Така конечно се исполнети желбите на многу наши предци, стои во Послението на СПЦ.

ТОА Е СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ! МАКЕДОНЦИТЕ СО ОФИЦИЈАЛЕН ДОКУМЕНТ НЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ЈУЖНИ СРБИ ВО 2022 ГОДИНА, и тоа во присуство на продадениот предавник Зоран Вранишковски и останатите секташи од неговата демек црква ПОА.

Во него се потенцира дека денес била света должност молитвено да се чува тоа единство и дека денес со гордост треба да се втемели во колективната меморија тој 12 септември, кога е возобновена Печката Патријаршија, во која се набројуваат епархиите кои дадени на СПЦ, меѓу кои и оние од Македонија.

– Овој голем празник навистина е празник на единството и слогата. И ние денес, после сто години радосно го објавуваме и прославуваме овој историски настан, без разлика дали живееме во матицата, без разлика дали во некои од српските или околните земји, без разлика дали во раселеност расфрлани под бурата на историските ветрови на секаде на шестте континенти.

Во сите невољи и страдања СПЦ делеше и радости и тага со целиот српски народ, а Српската Патријаршија била и останува симбол на народното единство и тогаш кога државното единство и устројство било разбиено. Поради сето тоа, ние овие денови, кога се сеќаваме на подвизите на нашите предци, кои тагуваа по единството, за единството се бореле и единството на Црквата го оствариле, вдахновени од светлината на Христовото Воскресение, испраќаме архипастирски благослов за својата полнота на нашата СПЦ, исторсика Патријаршија Печка и белградско-карловачка и го повикуваме нашиот верен народ во земјата и раселен каде и да е, напроти сите искушенија, да остане и истрае во заедништвото, со клирот на својата Мајка Црква, пишува во посланието на СПЦ. – затворен цитат.

ДЕФИНИТИВНО НА СПЦ ПАМЕТ НЕ И ДОАЃА И НЕМА ШТО ПОВЕЌЕ МПЦ – ОА ДА ЧЕКА ОД ОВИЕ ДУХОВНИ И СВЕТОВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ!

Следен чекор на МПЦ – ОА е да испрати две писма, едно до СПЦ, друго до ВП. Во првото до СПЦ да и ја достави одлуката на Вартоломеј за признавање на ОА (МПЦ) и да им даде на српските владици и служби рок за административно уредување на односите помеѓу нашите две цркви. Бидејќи е однапред јасно дека тие тоа ќе го одбијат, тоа ќе биде аргумент плус во интерес на МПЦ – ОА да продолжи апелациониот процес пред ВП и да добиеме Томос за афтокефалија.

Второто писмо потпишано од Архиепископ Охридски г.г. Стефан да се достави до ВП, да се закаже брзо сослужение помеѓу него и Патријархот Вартоломеј, со цел да се конзумира тоа евхаристичко единство на епархиите од Македонија со ВП, за да се испрати писмо од Константинопол до целиот свет, сите помесни Цркви, за признавање на ОА (МПЦ) и за влегување на нашата Црква во православната екумена.

После тоа се е лесно и прашање на време кога ќе се средат сите отворени прашања помеѓу МПЦ – ОА и ВП, вклучително и тие со СПЦ и РПЦ.