
ПОЕНТА НА ДЕНОТ за активната асимилација на Македонците
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Во време на независна македонска држава, во 21-ви век и тоа 2022 година, во Македонија има активна асимилација на Македонците.
Таа се спроведува најмногу по религиозна основа и по административен пат.
По религиозна основа најмногу се злоупотребува исламската веросиповест кај дел од Македонците, кои под притисок на ИЗВ во конкретни региони тие се асимилираат во Албанци и Турци.
Замислете, во 2022 година во Македонија, Македонците се присилени да се изјаснуваат како Албанци или Турци!
Втор случај е злоупотреба на православната вера, каде дел од Македонците преку влијание на СПЦ се присилени да се изјаснуваат како Срби, како би биле „признати“ за „вистински православци“.
Замислете, во 2022 година во Македонија, Македонците се присилени да се изјаснуваат за Срби.
Административната асимилација врз Македонците е најмизерна.
Македонската држава самата ги присилува Македонците да се изјаснуваат за Албанци, Роми, Бошњаци и што уште не, за да добијат некоја административна привилегија или да се вработат во државна служба.
По ниско од тоа Македонија насилно да ги асимилира Македонците преку државните служби нема и не може да има!
Т.н. „ребугаризација“ на Македонците, било за добивање на бугарски пасош за престој во ЕУ или други цели е смешна да ја коментираме, бидејќи таа има мал ефект.
Така, 99,99% од „новите Бугари“ се изјаснуваат како Македонци, веднаш после подигање на бугарскиот пасош или по завршување на студиите во Бугарија.
Постои ли држава која ова го контролира? Која ќе ги заштити Македонците од асимилација?
А да, Македонија стимулира асимилација врз Македонците! Многу јако, дами и господа!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!