
УПАТСТВО ЗА ДИЈАСПОРА објави новинарот Марјан Николовски
Балканските држави често се натпреваруваме со капацитетите на нашата дијаспора. Ако грчката е позната по лобизмот во светот на политиката и дипломатијата, албанската по бандитизмот, српската по национализмот, а бугарската по услужните дејности, тогаш каква е македонската дијаспора?
Познатиот новинар Марјан Николовски на неговиот фејзбук профил објави свое видување за истото:
„Трите Македонки во врвот на словенечката политика… Ирена Јовева, европратеник од Листата на Марјан Шарец, Сандра Газинковски – Пратеник во Парламентот од партијата Солобода и Емилија Стојменова Дух – иден министер за дигитализација, од партијата на социјалдемократите.
Сите три млади, успешни, прогресивни… Кога ќе ми зборувате за дијаспора, на нив огледајте се… Толку е постот…“ – напиша Николовски.
Се согласувате ли со Марјан Николовски? Дали ова е правото лице за македонската дијаспора?
И да не се согласите и да се согласите, едно е факт… вакво треба да биде! Овие три Македонки се пример за сите нашинци во дијаспората. Вака се гради „македонско светско лоби“.