
ШАМБЕВСКИ: Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши
Амбасадорот Оливер Шамбевски по повод признавањето на МПЦ – ОА од Вселенската Патријаршија сподели:
„Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.
Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Псалм 118/23-24
Одлуката на Вселенската Патријаршија во однос на Македонската православна црква е историска и е многу значаен чекор напред за ова многу важно прашање. И затоа Овој ден е историски за Македонија! Честитки за мудроста и трпението на нашиот поглавар, неговото блаженство г.г. Стефан и целиот Синод на МПЦ.
Честитки за сите што се вложија себеси… голем, голем ден за Македонија е ова!
Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Псалм 118/23-24
П.С. На илустрацијата е Исус Седржителот од Бигорскиот Манастир! Нека бдее вечно над нас и над Македонија!
Пишува: Оливер Шамбевски (Фејсбук статус), преземено од Религија.мк