
ПУТИН и РУСИЈА извршија напад врз Македонија и МПЦ-ОА
Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, пренесува српски Курир вечерва.
– Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да ѝ признаваме ексклузивни канонски права во Северна Македонија – рече тој.
Со ова Руската Црква комплетно под власта на Путин дирекно и заботе нож во грб на Македонија и на МПЦ – ОА, целосно негирајќи постоење на древната Охридска Архиепископија и нејзинито возобновување од страна на МПЦ во минатото. Тие буквално сметаат дека Македонија е српска територија, а Црквата во Македонија е српска сопственост, со што нанесуваат голема неправда и понижување кон православниот македонски народ и кон сите граѓани во земјава.
Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство
Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот, објави Религија.мк.
Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и сега ќе може да сослужува со нејзе.
Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.
Но Русија и руската црква одбиваат тоа да го прифатат за реалност, негираат постоење на се македонско во Македонија, вклучително и Црква. Тие целосно застанаа на страна на балканските националисти кои негираат постоење на било што македонско.
Сега откако Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука РПЦ дирекно оспорува право на нас Македонците да имаме наша Македонска Православна Црква.
Но во суштина тоа ништо за нас не значи, бидејќи ние сме афтокефална црква веќе 55 години која сега официјално го регулира меѓународниот статус преку Вселенската Патријаршија, а Русија не може да го спречи фактот што повеќе МПЦ не е во шизма и раскол со севкупната православна Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви.
Она што може да го направи Русија е да ја навлече Србија и СПЦ на погрешна страна од историјата, на погрешен пат, па во разговорите за оставинската постапка со МПЦ за утврдување на конечниот статус да стане неконструктивен, антиправославен елемент како што е РПЦ, и со тоа на одредено време да создава проблеми, кои повторно ќе ги реши Вселенската Патријаршија во корост на МПЦ – ОА.
Со СПЦ сега нема да се преговара за расколот од 1967 година, бидејќи практично сега тој е надминат. Всленскиот патријарх ја повикува и СПЦ да се приклучи кон процесот за конечно одобрување на Томост за автокефалност на МПЦ – ОА, согласно светите канони, кои се целосно на наша страна. Правдата е на страна на Македонија и Македонците.
Одлука ќе биде на Србија и СПЦ и нивниот патријарх Порфириј дали ќе го следат ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија што претставува историски настан, и ќе се вградат со позитивна енергија и историска улога, или ќе останат деградирачки елемент кој секако ќе биде осуден и поразен бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква.
Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.