ТАЖНО (видеа): Русија нападна училиште, еве колку луѓе уби!

Европа

Руската окупаторска армија рано утрово бомбардирала училиште во Белогоровка (регионот Луганск).

Училишната зграда служела како времена болница за локалното цивилно население и засолниште за децата од тоа населено место.

Според прелиминарните податоци, најмалку 60 луѓе биле убиени за време на воздушен напад врз училиште во Белогоровка (регионот Луганск).

Училишната зграда е буквално срамнета со земја, сеуште се локализира пожарот и се трага по евентуално преживеани цивили, меѓу кои многу деца кои учеле во таа зграда и од почетокот на војната стана нивни дом, засолниште.