ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Ваш е изборот ЕУ или СДСМ?

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Последно време забележливо е незадоволство кај припадниците на „комуната“ на СДСМ од ЕУ и нејзиното одбивање да започнеме пристапни преговори.

Незадоволството се манифестира до степен неподнослив ниту за време на грувизмот, кога ЕУ беше виновна за се, па и за закаснетата изведба на Скопје 2014.

Сега следствено, ЕУ е виновна за се, па и за тоталната неспособност на власта на СДСМ и во домашната и во меѓународната политика.

Другари и другарки од комуната на СДСМ, не е ЕУ виновна, туку вашето поведение и стил на управување.

Виновен е вашиот криминал, ароганција, неспособност, неписменост… уште да редам?

Не е ЕУ, туку вие сте виновни за пропаднатата шанса Македонија да се интегрира во ЕУ!

Ние знаеме дека вие можете уште повеќе и уште појако во криминалот!

Вие можете уште поарогантно и понеспособно!

Вие можете да промовирате уште понеписмени кадри во земјава!

Ама ние сме тука да ставиме крај на тоа „вашето“!

До тука било… крајот е пред портите!

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

СДСМ – никогаш повеќе!

А Македонија? Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ!

Колку побрзо си заминат неспособниве, толку побрзо ќе влеземе во ЕУ!

Ваш е изборот ЕУ или СДСМ?

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!