МОРНИЧАВИ СЦЕНИ од УЖАСНАТА НЕСРЕЌА оставија многумина без зборови (ВИДЕО)

Свет, Спорт, Хроника

Јапонскиот возач Мицунори Такабоши доживеа тешка несреќа за време на една трка во неговата земја.

Несреќниот Такабоши возеше 290 километри на час во потера по Јухим Секигучи на патеката Фуџи, а потоа пред нив се појави Такеши Суехиро чиј болид од непозната причина застана на патеката.

Такабоши брзо реагираше за да избегне директен удар во болидот на противникот, но поради тоа загуби контрола и доживеа навистина страшна несреќа.

Тој удри во ѕид, а потоа остатокот од уништениот болид се сврте неколку пати на патеката и го доведе во дополнителна опасност.

За среќа, останатите возачи биле внимателни и немало последователен судир. Трката набрзо беше прекината, а Такабоши беше пренесен во болница на прегледи.