
ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВУВА БЛОКАДИ!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител телевизија го обвини премиерот Димитар Ковачевски дека нема слух за дијалог и соочување со македонскиот народ, и дека затоа опозициската партија ќе предложи активна блокада на македонското Собрание.
Некој активно се труди да ја наметне тезата дека сите се исти. Ние сакаме активно да ја демантираме таа теза дека не се сите исти. И токму поради тоа сакам на утрешната седница на Извршниот комитет да излезам со првиот чекор, најверојатно тоа ќе биде некаква активна блокада на македонското Собрание.
Кога велам активна блокада, мислам блокада на се што ќе биде таму со исклучок на закони кои што значат повисоки плати или некаква помош на граѓаните, истакна Мицкоски.