БРУКА НЕВИДЕНА: За Рамазан краделе комбајни, ама им ги заклучиле од далечина

Европа

Руската војска на бојните полиња во Украина крадела земјоделски машини вредни околу пет милиони евра, но машините се исклучени „на далечина“ и не може да се вклучат, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на локален бизнисмен.

Вредните земјоделски возила и машини биле украдени по освојувањето на градот Мелитопол и околината, која е во срцето на житните полиња на Запорожје, во југоисточна Украина.

Руската војска наводно ги однела машините во Чеченија, на околу 1.100 километри од Мелитопол, но таму увидела дека тие се бескорисни, затоа што се исклучени „на далечина“ и заштитени со веројатно непробојни компјутерски кодови.

До толку не ги бива руските азијатски орди, не знаат ниту трактори и комбајни да украдат.

ГПС-опремата за следење покажува дека машините, меѓу кои има и огромни комбајни, сега се во близина на чеченскиот главен град Грозни, тврди бизнисменот.

„Кога окупаторот ги однесе украдените комбајни во Чеченија, сфатија дека не можат ни да ги вклучат, затоа што тие се „заклучени“ на далечина“, вели изворот за „Си-ен-ен“.

Крадењето е направено за време на светиот месец Рамазан од страна на чеченските исламистички орди на Тик Ток злосторникот Кадиров.