
Бугарија во војна со САД!
САД во офанзива против бугарското вето. Отворена акција против Бугарија! Како ќе возврати Бугарија на ова? Дали ќе побара помош од Русија?
Нед Прајс, портпаролот на американскиот Стејт департмент, на Твитер напиша „Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“.
САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, нагласува портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
We support the opening of EU accession negotiations with North Macedonia and Albania without delay. We are engaging at the highest levels of government to demonstrate our commitment to the aspirants' European paths.
— Ned Price (@StateDeptSpox) June 10, 2021
Од европски дипломатски извори, Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џо Бајден со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.
САД и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција“, се вели во нацртот на заедничката декларација.
Американскиот претседател пред неколку дена издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан. Со последната одлука на Бајден, се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.