ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Тешко ранет НАЧАЛНИКОТ на Генералштабот на Русија

Европа

Веќе пристигнаа потврдени вести за погодена висока команда на руската армија кај градот Харков, при што е тешко ранет Началникот на Генералштабот на Руската Федерација, генерал полковник Валериј Герасимов.

Информациите говорат дека е погоден од шрапнели од украинска граната, која била испалена од градот Харков, кон руските позиции. Генерал Валериј Герасимов бил погоден на повеќе места, најверојатно ногата му е тешко повредена, а истиот е итно пренесен на територија на Русија заради лекување.

Нападот не го преживеал генерал Андреј Симонов (со очилата), кој е веќе прогласен за мртов од страна на Русија. Тоа е осми убиен генерал во војната во Украина.

До сега вакво нешто Русија не доживеала од време на Втора светска војна, па и пред тоа. Путин е во очај, кој е следен генерал кој ќе падне на бојното поле.