ОБЈАВЕНО кој ќе го замени ПУТИН, кој е тешко болен и заминува на операција

Европа

Рускиот претседател има рак на абдоменот, а за време на операцијата него треба да го замени тврдокорниот шеф на Советот за безбедност и поранешен шеф на ФСБ, Николај Патрушев.

Владимир Путин може да биде принуден да се откаже од контролата на војната во Украина со денови бидејќи е подготвен на операција на рак, тврди „инсајдер од Кремљ“.

Рускиот претседател, наводно, ќе го номинира тврдокорниот шеф на Советот за безбедност и поранешен шеф на ФСБ, Николај Патрушев, да ја преземе контролата врз инвазијата додека тој е под нож.

Патрушев (70) е човек од сенка и се смета за клучен архитект на досегашната воена стратегија – и човекот кој го убеди Путин дека Киев е преплавен со неонацисти.

Извонредните тврдења се појавија на популарниот Телеграмски канал General SVR, кој вели дека неговиот извор е добро поставена личност во Кремљ, а ги пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.

General SVR објави дека Путин има рак на абдоменот и Паркинсонова болест пред 18 месеци.

Тој, наводно, ја одложил операцијата, која сега нема да биде направена пред одбележувањето на Денот на победата на Русија во Втората светска војна на Црвениот плоштад на 9 мај.

Веста доаѓа во време на шпекулации дека Путин ќе започне сеопфатна војна низ Украина и ќе нареди масовна мобилизација на луѓе во воена возраст, што е значителен политички ризик.

Операцијата беше закажана за втората половина на април, но беше одложена, тврди General SVR.

„На Путин му беше препорачана операција, чиј датум се разговара и се договара“, се вели во медиумот.

„Се чини дека нема некоја посебна итност, но не може ниту да се одложи“.

Понатаму: „Рускиот претседател Владимир Путин има онкологија, а најновите проблеми идентификувани при [неговиот најнов] преглед се поврзани со оваа болест“.

Тој, исто така, боледува од „Паркинсонова болест и шизоафективно нарушување“, кое носи симптоми на шизофренија, вклучувајќи халуцинации и манија.

Кремљ отсекогаш остро негирал дека Путин има медицински проблеми и прикажува дека е во стабилна здравствена состојба, иако мистериозно отсуствуваше во последниве години.

Во видеото со детали за тврдењата на General SVR, изворот на медиумот – наводно анонимен поранешен висок воен лик од Кремљ – рече: „Путин разговараше дека ќе биде подложен на медицински процедури. Лекарите инсистираат на тоа дека му е потребна операција, но датумот се уште не е одреден“.

Изворот продолжи: „Не знам точно колку долго [ќе биде онеспособен по операцијата]… Мислам дека тоа ќе биде за кратко време“.

„Веројатно Путин немаше да се согласи да ја пренесе власта“, но беше подготвен да постави „вршител на должноста“ за да ја контролира Русија и воената кампања.

Ова е слика од Владимир Путион снимен пред неколку дена. Наводно, тој има Паркинсонова болест.

Па продолжува: „Значи, додека Путин ја има операцијата и доаѓа при себе…најверојатно два или три дена… вистинската контрола на земјата преминува само на [Николај] Патрушев“.

Ваквиот потег би бил изненадувачки бидејќи според уставот, власта треба да премине исклучиво на премиерот Михаил Мишустин.

56-годишникот е технократ од низок профил, без познати врски во војската или тајната служба.

Како што пишува „Дејли мејл“ Телеграмскиот канал вели дека изборот на шпионот Патрушев – кој дојде по двочасовна средба „срце до срце“ со Путин – бил „најлошата опција“.

„Што ако одеднаш Путин покаже особено сериозни здравствени проблеми? Беше можно да се задржи некое време, но сега текот на болеста напредува.

Не сакам да изнесувам никакви прогнози сега, за да не ве уверам уште еднаш, бидејќи во оваа ситуација не треба да се надевате многу“.

Во друга објава, медиумот вели: „Знаеме дека Путин јасно му стави до знаење на Патрушев дека го смета за речиси единствената личност од доверба и пријател во системот на моќ.

„Понатаму, претседателот вети дека во случај на нагло влошување на неговото здравје (на Путин), вистинското управување со земјата ќе биде префрлено, привремено, на Патрушев“.

Во последната објава за сомнителните медицински проблеми се вели: „Лекарите на Путин инсистираат на потребата тој да биде опериран во блиска иднина.

„И иако Путин начелно не даде согласност и датумот на операцијата не беше договорен, тој побрза да се објасни и да добие реакција и согласност од Патрушев“.

Претходно изворот тврдеше дека на Путин му „препишале нови лекови“ од Запад и му биле дадени поголеми дози.

„Според нашите информации, еден од новите лекови препорачани од лекарите по орална употреба предизвика несакани ефекти кај Путин во форма на тешка вртоглавица и слабост“, се вели во објавата на почетокот на овој месец.

„Докторот кој го препорача овој лек е отстранет од процесот на лекување и се тестира. Самиот лек, кој беше увезен од една непријателска држава, исто така се тестира“.

Неодамнешните истражувачки извештаи на прогонетите руски новинари сугерираат дека Путин има рак на тироидната жлезда и посочија дека постојано е опкружен со тим од врвни лекари.

Вниманието неодамна беше фокусирано на неговото однесување за да го контролира навидум неволното тресење во раката – обновувајќи ги шпекулациите за Паркинсоновата болест што ја истакна во 2020 година General SVR .

На состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, тој беше виден како цврсто се дежи за бирото.

Каналот рече: „Многумина им го привлече вниманието болниот изглед на претседателот, неговото надуено, отечено лице и рацете цврсто на масата. Тука нема ништо изненадувачки.

Здравјето на Путин неодамна се влоши, веќе пишувавме за тоа, а нездравиот изглед на претседателот само го потврдува тоа.

Повеќе од еден месец, присутните лекари не можат да го убедат Путин да ги смени лековите кои ги потиснуваат симптомите на Паркинсоновата болест, бидејќи старите веќе не го даваат посакуваниот ефект, а претседателот едноставно се плаши да експериментира со нови.

Да се држи за масата со рацете е начин да се скрие мал, но прилично забележлив трепет“.

Каналот е поврзан со професорот Валери Соловеј (61), кој во февруари беше задржан на седумчасовно испрашување, очигледно веројатно поврзано со редовните тврдења за наводната медицинска и ментална состојба на Путин.

Соловој беше професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи – на кој присуствуваа идни врвни дипломати и шпиони.