ВОЈНА ВО КОСОВО: Вооружен напад врз полицијата, што се планира

Балкан

„Косовската полиција повторно била нападната во селото Зупче, во Зубин Поток. Ова го соопшти полицијата: ‘Денеска во раните утрински часови е нападната единица на гранична патрола во селото Зубин Поток. Веднаш се преземени сите полициски дејства.

На местото на настанот излегле полициски единици од полициската станица Зубин Поток и соопштиле дека граничната единица била нападната со огнено оружје. Освен материјална штета на возилото, нема пријавено повредени полицајци.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“, пренесува Експрес.

Лајм пишува: „Косовската полиција нагласува дека ‘во соработка и координација со правосудството ги презема сите неопходни истражни дејствија во врска со случајот’, истовремено ‘зголемувајќи ги полициските мерки, со цел да се обезбеди безбедност на полициските службеници и граѓаните’.“

„Минатата недела полицијата на северот беше нападната со рачни бомби и калашникови. Тоа беше оценето како ‘терористички чин со цел да се заплашат полицајците и сите граѓани на Косово’.“

Дали Косово влегува во финална фаза од неговото решение, со тоа и провокациите ќе зачестуваат или започнува нова војна на Балканот?