ВАЖНО (видео): ТУКА имате апликација „Библија за деца“ на македонски јазик

РЕЛИГИЈА

Апликација „Библија за деца“ на македонски јазик

Светски познатата апликација „The Bible App for Kids“, или апликација „Библија за деца“ од скоро време е достапна (бесплатно) и на македонски јазик.

Апликацијата е неверојатно корисна алатка за воведување на децата во верата. Таа е интересна и интерактивна, со поуки и игри. Содржи 41 приказна од Библијата, која ќе го задржи вниманието на децата од 2 до 10 години, а со сигурност ќе измами насмевки на родителите, кои пак ќе се запознаат и ќе го продлабочат своето знаење на клучните настани од Библијата.

Македонскиот тим пред две години ги почнал преговорите за добивање на право за адаптација, а проектот бил одобрен на почетокот на 2020 г. Работата на преводот, лектурата и снимањето на епизодите почнала во месец јуни.

Голема благодарност до тимот кој неуморно работел на преводот, лектурата, а и сѐ уште работи на промоција на апликацијата. (Андреја Стефановски, Денис Александров, Никола Гиневски и Сашко Петровски).

Синхронизацијата ја изврши Александар Митров, со благослов на владиката Јаков Стобиски. Благодарност и до Дејан Арсов од тимот на АБД за доставените информации.

Децата кои растат во Австралија, но и во останатите земји од англиското говорно подрачје, покрај користењето на англиската верзија ќе можат да се забавуваат, да учат за Бог, слушајќи и вежбајќи го македонскиот јазик.

За преземање на апликацијата (download) www.bible.com/detska https://www.bible.com/mk/kids

Извор: Австралиско-новозеландска епархија МПЦ-ОА

Линк до промо видео:

https://fb.watch/cBjYRaDedU/