МИЛИОНСКАТА ШАМПИТА се распаѓа, па на глава и на Владата

СКОПЈЕ

Делови од фасадата на зградата на Владата на РМ, именувана од граѓаните како Шампитата во Скопје, се откорнале и паднале во текот на утринските часови.

Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите. Парчиња од гипс и стиропор во моментов се уште се наоѓаат на тревникот околу објектот.

Колку за потсетување, промената на објектот на фасадата на Владата, инаку авторско архитектонско решение кое во свое време било наградувано, беше критикувано како едно од најпроблематизираните интервенции во рамки на „Скопје 2014“.

Фасадата на Владата чинеше 17,6 милиони евра, а постојано се распаѓа. Одговорност нема, криминалот на изведувачите го покрива актуелната власт.

Пред една година оштетувања од овој вид претрпе и зградата на МЕПСО кога ветрот откорна дел од фасадата.