
ВЛАСТА ПОЛУДЕ, кој е против нас, тој е за Русија
Според министерот од СДСМ Оливер Спасовски, сите структури и личности кои беа против зачленувањето на Македонија во НАТО по цена на промена на името Македонија, а сега се против постигнување на договор со Бугарија по цена на промена на личниот идентитет на Македонците, сите тие биле определени за Русија. Тоа значело дека се против остварување на националите интереси на земјава.
Тој нагласил дека истото било и со влезот во НАТО, кога одредени структури, невладини организации и некои политички партии, од разно разни причини директно се спротивставуваа на влезот на Македонија во Алијансата и на Договорот со Грција.
Според него, ако си против Преспа, тогаш си против Македонија. Прашањето е дали оваа власт начисто пролупа?
„Нормално постојат и такви кој што работат на целосно кочење на постигнување на каков било договор со Бугарија. Затоа би оставил тоа службите да го одработат на соодветен начин заедно со сите оние кој што се вклучени во процесот. За нас е многу важно е ние да имаме отворен диалог и принципиелен диалог со Република Бугарија.“ изјави Спасовски.
Тоа значи дека секој кој е против предавство во преговорите со Бугарија, тој е против Македонија.
Воедно, тој истакна дека сите тие кој што преговарат треба да имаат на ум дека националниот интерес е најважен, а тоа е зачленувањето во ЕУ, бидејќи ние немаме некоја друга алтернатива. Всушност и не е важно дали ќе бидеме Македонци, битно е Оли да е министер.
За нас е многу важно што мнозинството граѓани стојат многу црвство на патот кон ЕУ и тоа навистина ни дава за право и ние во ниту еден момент не можеме да се тргнеме од тој пат. Сите други обиди да не попречат, мислам ќе завршат како тие обиди пред зачленување во НАТО, рече министерот Спасовски.
Тоа значи дека СДСМ се единствените кои мислат на ЕУ, а сите останати кои се против нив се против ЕУ, а работат за Русија. Дали некој ги проверил српските релации на министерот Спасовски и нивните со Русија? За да корекно утврдиме кој работи за Русија, а кој за Македонија?