
ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ТАКТИКАТА НА ВЛАСТА
ТАКТИКА ДА СЕ ГЛУМИ НОРМАЛНОСТ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Тактиката на власта да се глуми нормалност, а во исто време да се цензурира здраворазумието за кратко време ќе не однесе во амбис. Почнувајќи од првиот помеѓу еднаквите па преку неговите преторијанци, за волја на вистината, за жал го отсликуваат шлајмот на македонското цивилизациско општство. Полошо и неможе да биде. Оваа збирштина од социопати и психопати се наоѓаат на врвот, на висина на својата задача. Така опиени од моќ и зашеметени од власт секојдневно донесуваат одлуки онакви какви што им прилегаат на самите нив – брзоплети, несвојствени и штетни.
Гордоста што ја црпат од состојбата во која се наоѓаат моментално им дава за право да се однесуваат натмено , самоуверено и неразумно, а секоја критика од здраворазумните ја „елиминираат“ користејќи ја позицијата на власт. Институциите на системот ги користат како алатка за лични пресметки со неистомислениците, поточно на оние кои не го одобруваат нивното срамно поведение. Додека се занимаваат со елиминација во државава се случуваат трагедии на секој чекор и тогаш преку медиумите граѓаните дознаваат дека постојат институции кои за жал „потфрлиле“ во своето функционирање.
Ова нивно поведение станува опасно по животот на граѓаните и треба да одговараат за тоа. Нивното поведение е причина за изгубени човечки животи! Секој нареден ден власт со вакво поведение е се’ повеќе штетно и небезбедно за граѓаните. Секој од нас е потенцијална жртва на нивната нестручност, некадарност и зашеметеност. Тактиката им е да глумат нормалност. Да пласираат во јавноста дека се е согласно закон, да повикуваат на трпение и да вперат прст кон некој друг виновник. Тие се супер, војната во Украина е крива! Крива е и енергетската криза. Пандемијата да не ја спомнуваме, свежи ни се сеќавањата дека и тогаш успеаја да изгорат живи луѓе поради нивното поведение.
Ниту војната е крива, ниту кризите ви се криви! Вие сте некадарни да се справите со предизвиците што ги носи позицијата ВЛАСТ!
Господа од власта, власт не подразбира да седнеш во удобна фотеља, да ги собериш клучевите од возниот парк, да грицкаш апетисани и сите други глупости што ги правите. Ами власт подразбира менаџирање на државниот апарат, функционирање на системот со однапред определена стратегија и на крај успешно справување со вакви кризи! Вие сте одговорни и за кризите кои дозволивте до оваа мера да ги почувствува народот!
НЕ, ВИЕ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕТЕ КАЗНЕТИ СО ПРОМЕНА ОД ВЛАСТ, ЗА ВАС ТРЕБА КОЛЕКТИВНА ТУЖБА ОД НАРОДОТ!