
(Видео) КИРЧО исвиркан во Битола, болшевиците тријат раце
Локалното население во Битола ги пречека со свирежи и навреди бугарскиот премиер, Кирил Петков заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, кои пристигнаа во Битола.
Петков на настанот пристигна со хеликоптер, специјално да присуствува на отварање на бугарски клуб на Бугарите по професија во Битола. Целиот проект е грижливо реализиран по предлог на удбашките структури во бугарското ВМРО, на чии провокации наседна и самиот Петков.
Граѓаните ја исвиркаа делегацијата од Бугарија. Собраните луѓе викаа кон Петков и останатите: „Гробари“! Овие бугарски провокации само ги влошуваат македонско – бугарските односи и придонесуваат кон отежнување на настанатата состојба.
Овој настан можете да го видите во видеото во продолжение: