
(Видео) РУСИЈА со навреди до сите СЛОВЕНСКИ држави, па се чуди зошто е сама
Русија не престанува со навреди кон сите словенски држави, кои би требало да бидат нејзини најголеми пријатели. Поради руското однесување, нема држава, а да не е во конфликт со нив.
Последна на ред беше да се навредува Полска, како една од водечките држави кои ја поддржуваат братска Украина во борбата против руската окупација.
„Сиромашни ли сте?“ изјави пијаницата Захарова, сакајќи да ја критикува Полска затоа што им дала руски дипломатски имот на „украинските пријатели“.
Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова ја исмеа одлуката на полските власти да и го префрлат дипломатскиот имот на Москва на Украина.
„Тоа е бесрамно кршење на меѓународното право“, рече Захарова, додавајќи: „Дали сте толку сиромашни што почнувате да ограбувате други луѓе?
Тоа не е прв пат да се обраќаат на ваков начин кон соседите. Вакви навреди имаше и за Македонија и за Црна Гора, како неспособни и непотребни да бидат дел од НАТО, потоа за Хрватска, Чешка и Словачка како фашистички земји.
Погледнете го видеото во продолжение: