(Видео) АТЕНТАТ врз Таче, подметнато сирење во морско

Забава

Премиерот Димитар Ковачевски заврши во болница поради труење со храна, а пуштен е во добра состојба, информираа од Влада. Отворена е дилемата дали имало обид за атентат врз нашиот премиер во Грција?

Во меѓувреме и шефот на кабинетот на Ковачевски пројавува слични симптоми на труење со храна. Се испитуваат сите околности за овој случај, велат од Владата. Дали Таче бил цел на грчки атентатори?

„Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција, а премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел, ниту пиел надвор од протоколот“, информираше портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат“, додаде Арсовски.

Во неделата вечерта Ковачевски ги почувствувал првите симптоми на труење со храна и бил примен на Инфективната клиника. Информациите од Грција говорат дека премиерот Ковачевски налетал на „подметнато“ сирење и зизаки салата, кои ги комбинирал со морска храна.

Веројатно нашиот премиер заедно со екипата немаат искуство со морско, па таа убиствена комбинација на млечно со морско дава сличен ефект како конзумирање на отров. Ова ни доаѓа како самоубиство од заседа!