
НОВО МОМЧЕ во вилата на Дедиње, која е посреќна Цеца или Анастасија?
Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ е во љубовна врска со фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ и во моментов одмара во негово друштво и членовите на неговото семсјество.
Анастасија Ражнатовиќ која одлучи да се пресели во Шпанија кај новото момче, се уште го нема запознаено новото момче со својата мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Популарната пејачка ќе живее на релација Севиља-Белград поради тоа што Немање има обврски со фудбалскиот клуб.
-Анастасија и Немања не се одвојуваат откако се запознале, а за нивната врска занеле само семејствата и најблиските пријатели. Сите во неговото семејство се израдувале кога дознале дека е во врска со ќерката на Цеца, тие веќе ја запознале бидејќи Анастасија неколку пати била кај него, а поради фудбалските обврски, Немања не бил во можност да го посети нејзиното семејство.
Тие заедно одлучиле велигденските празници да ги поминат заедно, а извор за српските медиуми открива дека Цеца се радува и со нетрпение го чека денот кога ќе го запознае Немања. Не е познато која повеќе му се радува на Немања, Цеца или ќерката?