
ПУТИН полуде, СРБИЈА на листа НЕПРИЈАТЕЛСКИ ЗЕМЈИ на Русија
Генералното собрание на ОН ја суспендираше Русија од Советот за човекови права со 93 гласа за, 24 гласа против, а 58 земји беа воздржани. Но изненадувањето е што и Србија и Црна Гора гласаа за протерување на Русија.
Позитивно гласаше и Македонија, но сепак големо изненадување е реакцијата на Србија, која до вчера беше стратешки партнер на Русија.
Кина уште еднаш остана на нејзиниот став дека расправите треба да се водат аргументирано и со докази, оваа држава гласаше против протерувањето на Русија од Советот.
Претходно портпаролката на руското МНР, Марија Захарова и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјавија дека Русија ќе преземе “одмазднички” мерки против сите кои гласале позитивно или воздржано за нејзино потерување од Советот за човекови права.
Согласно нивните изјави, Србија е прогласена и влегува во списокот на непријателски земји на Русија, за што ќе следуваат санкции овојпат и за Србија.
Постојане расте листата на држави непријатели поради нивниот став околу протерувањето на Русија од Советот на ООН.