
Кој е планот со ВОЗРАСНИТЕ ЌЕРКИ и личните банки на ПУТИН?
Белата куќа најави дополнителни санкции против двете возрасни ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, како и против најголемата руска банка „Сбербанк“, јави Волстрит Џурнал.
„САД ќе објават нови санкции против руската Алфа банка веќе в среда“, напиша на Твитер новинар од Волстрит журнал.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки веќе изјави дека САД ќе забранат нови инвестиции во Русија и ќе воведат дополнителни санкции за руските финансиски институции.
Двете ќерки на рускиот претседател се деловни жени. Мариа Воронтсова (36) е истражувач по генетика. Таа е во брак со Холанѓанецот Јорит Фаасен.
Втората ќерка на Путин, Екатерина Тикхонова (35) е шефица на Центарот за национални интелектуални резерви на Московскиот државен универзитет. Таа во минатото беше акробатска танчерка, и од 2013 до 2018 година беше во брак со милионерот Кирил Шамалов. По разводот, се објави дека двојката имала богатство од над две милијарди долари.