
РАДОСНИ ВЕСТИ меѓу урнатините на Харков
Вестите кои дојдоа од Украина во последните денови беа многу мрачни. Затоа, приказната за еден украински пар кој ја прослави својата венчавка среде урнатините и остатоците од вториот по големина град во земјата делува опотимистички.
Анастасија Грачова и Антон Соколов, кои дистрибуираат лекови на луѓето кои имаат потреба низ Харков, се венчаа во градската метро станица, објави Ројтерс.
Руските сили се повлекоа од некои делови на Украина во последните денови, но Харков на североисток продолжува да се соочува со чести гранатирања.
Локалната жителка Марија Авдеева, истражувачка директорка во Европската експертска асоцијација, рече дека присуствувала на свадбата.
Таа на Твитер додаде: „Антон и Анастасија не планираат наскоро да одат на меден месец. Еден ден сакаат да одат некаде со плажа и палми. Пред тоа да се случи, има војна за победа и брутални денови. Но вчера имаше надеж, убавина и љубов во грдотијата“.