ПУТИН во ШОК: Кадиров го лажел за две клучни работи

Европа

Путин е целосно изолиран лидер на поразена армија, кој не добива веродостојни информации од теренот во Украина, но и од неговите најблиски соработници.

Покрај руските генерали кои раководат со воените операции, особено во регионот околу Азовско море и операцијата за окупација на Мариупол, Путин бил лажен и манипулиран од неговиот кумашин, чеченскиот исламистички терорист Кадиров.

Тој лажно го информирал Путин дека Мариупол е веќе под негова контрола, дека градот е целосно заземен и дека лидерите на полкот Азов се целосно уништени и убиени.

Покрај демнат од командантот на Азов пред два денови, набрзо пристигна и демант од заменикот командант на полкот Азов, познат под надимакот “Калина”, од центарот на Мариупол соопшти дека тие се живи и активно се борат против терористичките банди на Кадиров и Путин.

При тоа соопштение, тој информираше за бројот на уништени руски тенкови, воени транспортери, артилериски орудија и сл.

Путин бил шокиран од новите видео снимки на кои се обраќаат „мртвите лидери“ на Азов и известуваат од срцето на Мариупол. А тоа што го известуваат не се баш пријатни вести за рускиот претседател.

Дали Путин и понатаму ќе верува на чеченските терористи и нивниот лидер Кадиров, останува да дознаеме.