БУГАРИЈА СЕ ВООРУЖУВА, колку ќе платат за опремата од САД

Балкан

Америка и продава авиони и опрема на Бугарија за 1,6 милијарди долари.

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони F-16 C/D Block 70 и соодветна опрема на Бугарија за 1,673 милијарди долари, соопшти денеска американското Министерство за одбрана.

Главен изведувач во овој бизнис треба да биде компанијата „Локид Мартин“, соопштија од Пентагон, пренесуваат американските медиуми.

Барањето на Бугарија, како што е наведено од Пентагон, вклучува купување на четири авиони F-16 C Block 70, четири авиони F-16 D Block 70, 11 мотори, 11 подобрени генератори (iPDG) и 11 AESA AN / APG-83 радари.