
ТАЖНО (видео): РУСКИ МАСАКАР врз цивилите во Буча, што најдоа ослободителите?
Светот е шокиран од снимките кои се појавија на интернет, снимени од украинските ослободителни сили, армија и национална полиција, после влегување во окупираната Буча и Ирпене, на север од Киев.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека ова е ГЕНОЦИД врз цивилното население и побара меѓународна истрага и одговорност за стореното.
Ситуацијата е ужасна, стотици деца, жени и старци се убивани по нивните домови, дворови, на улиците низ градовите, буквално осмислен масакар од одмазда поради изгубената војна.
Каде замина совеста на луѓето? Зарем ова е можно во 21ви век? Европските лидери веќе започнаа со осуда, но што од тоа, кога сеуште дневно на Путин му плаќаат 600 милиони евра за гас и нафта.