
(Видео) АМЕРИКАНЦИТЕ потврдија, рускиот систем Солнцепек се покака во Украина
Тешкиот ракетен фрлач со повеќе цевки ТОС-1А „Солнцепек“ е препознаен како еден од најсмртоносните вооружени системи во светот – за неколку минути може да ја спржи човечката и воената опрема на непријателот на територија од 40.000 квадратни метри, пишува „Национален интерес“.
„Руското термобарично оружје треба да го има само во хорор филмовите“, пишува американскиот портал „Национален интерес“ во написот посветен на руските тешки пламенофрлачи „Буратино“, „Солнцепек“ и „Тосочка“.
Солнцепек» выжигает «врага» pic.twitter.com/iAqJMAMNWl
— Александр (@AKrasyukov2013) May 24, 2020
Како што се наведува, тајната на успехот на повеќецевниот ракетен фрлач е во термобаричната муниција. Проектилот над целта распрснува експлозивни аеросоли кои продираат во сите отвори и потоа детонираат. Бранот на експлозија што се создава на овој начин е двојно посилен отколку кога се користи обична муниција. Покрај тоа, при детонацијата се создава огнен облак, а температурата во епицентарот на експлозијата достигнува 800 степени Целзиусови.
„Во 2001 година „Буратино“ беше заменет со понапредниот повеќецевен ракетен фрлач TOS-1A („Солнцепек“), кој го зголеми дострелот на ракетата на 6.000 метри“, се вели во написот.
„Солнцепек“ активно се користеше во борбата против меѓународните терористи во Сирија и Ирак, особено во Украина. Таму системот се покака, докажувајќи дека едно е видео за промоција и продажба, а сосема друго е реалноста на терен.
„National Interest“ наведува дека не е чудно што Саудиска Арабија неодамна купила серија системи TOS-1A „Solncepek“ за три милијарди американски долари. Што значи дека Саудијците ги фрлиле парите во празно, купиле руско ѓубре.
Системот „Солнцепек“ е направен во 2001 година врз основа на шасијата на тенкот Т-72. Наменет е за огнена поддршка на моторизирани и тенковски единици. „Солнцепек“ е опремен со модернизиран систем за лансирање, како и автоматизиран систем за наведување.