
(Видеа) РУСКИ АВИОНИ ги симнуваат како круши, што кажуваат заробените пилоти
Украинската противвоздушна одбрана херојски пружи отпор на рускиот агресор, со сопствени капацитети на техника од советско производство, но највеќе со доставените британски системи ПЗРК Starstreak, со кои буквално рачно Украинците симнуваат најмодерни руски авиони.
За овие системи, како што известува британскиот министер за одбрана Бен Уолес, веќе се завршени обуките на украинските сили и тие започнаа активно да ги користат. Резултатите се одлични, нема руски хеликоптер или авион слободно и комотно да прелетува украинска територија, без да биде во опасност да биде симнат.
Не помалку опасни се противвоздушните ракетни системи од советско производство, кои самостојно ги произведува Украина и секако има експерти во својата армија за нивна совршена примена.
https://youtube.com/shorts/tOyiAFY2Gpk
На споделениот линк се гледа како гори срушен најмодерен руски авион Су-35, а пилотот Антон Герашенко преживеал.
Тој е заробен и ја дава следната изјава пред украинските војници:
Руската армија е поразена и посрамотена, а руските пилоти се правдаат како мали деца за злосторствата кои ги прават бомбардирајќи цивилни објекти и места каде се сокриени жени и деца.