МЕГА СКАНДАЛ: Ноќна пиши бриши операција на Статистика за Пописот

Македонија

Државниот завод за статистика ги промени графиконите од пописните резултати во делот за верската определба на населнието од пописот во 2021 година. Тоа го направиле во текот на ноќта, без никакво соопштување или објаснување за корекциите на Пописот.

Нема објаснување зошто тоа е направено, но од вечева табелата 9 која се однесува на резидентно население по верска определба не е истата со табелата 9 објавена на 30 март оваа година.

Она што на прв поглед паѓа во очи е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764.

Но за таа сметка ја нема графата Евангелско-протестантски христијани, која броеше исто толку попишани 8764 лица.

Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија версдка опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи. Ова е манифестација на антисемитизам од оваа влада, по кој е надалеку позната.