ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Кој го нарачал атентатот врз Путин?

АНАЛИЗА

Испланиран е атентат врз Владимир Путин, преку едно од овие опции: труење, ненадејна болест, несреќа или дирекно убиство. Важно е да биде симнат од тронот во Кремељ, за да преживее руската елита. Тие ја разгледуваат можноста за смена на Путин, стои во објавата на Фејсбук страницата на украинското Министерство за одбрана.

Западни извори наведуваат дека зад сето тоа стои група влијателни луѓе кои се во блиското опкружување на Путин. Станува збор за, велат, политичка и бизнис елита.

-Нивната цел е да го тргнат Путин од власт што е можно поскоро и да воспостават економски врски со Западот, кои беа уништени од војната, се додава во објавата.

Ако внимателно се размисли, дека Путин прави чистки на сите луѓе околу него, се плаши да му се доближат и францускиот претседател и германскиот канцелар, особено неговиот најверен послушник, министерот за одбрана Шојгу или началникот на војската, јасно е дека има чад. А каде има чад, има и оган.

КОЈ НАРАЧАЛ УБИСТВО НА ПУТИН?

Според Украинците, тие го гледаат шефот на ФСБ Александар Бортников како наследник на Путин.

-Значајно е што самиот Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за неговиот пад е фаталната проценка за војната во Украина, соопшти украинското министерство.

Но Путин него и неговите соработници ги стави во домашен притвор, во обид да спречи токму тајната служба да го изврши атентатот.

Бортников и неговиот оддел, според соопштението, биле задолжени за анализа на состојбите меѓу луѓето во Украина, како и за проценка на капацитетот на украинската армија.

Западните извори наведуваат дека Бортников и некои влијателни претставници на руската елита разгледуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт.

Тврдат дека оваа информација дошла од руска страна.

Важниот одговор, кој ја создаде таа корумпирана елита, олигарси и тие зомбирани бесчуствителни убијци во тајните служби? Па тоа е самиот Путин! Тогаш Путин си нарачал атентат на Путин, создавајќи го тој скапан систем.