
ДРЖАВЕН РЕКЕТ: УЈП удри по малите бизниси, не допира олигарси
Изминува недела на „долгите записници“ во која УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ Сања Лукареска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека олигарските и големите трговци никој не ги контролира.
До кога УЈП ќе биде плашило, а не сервис на бизнисот? Преминати се сите граници! Тоа се дел од коментарите на граѓаните, кои преку семеен бизнис, сами со маки си го прехрануваат семејството без никаква државна поддршка, а УЈП ги рекетира.
„Партиски полиции“ од вработени во УЈП од партиските војници на СДСМ вршат насилство врз ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст. Тие не се задолжени да констатираат крупни неправилности, туку да извршат хајка врз тие кои не мислат како власта.
Оваа слика се забележува најмногу во градовите, претежно населени со етнички Македонци, додека пак градовите под контрола на ДУИ не смее да бидат под опсада на УЈП. Таму владее друг закон на џунглата, додека пак македонските домаќини и претрпиемачи мораат да го платат цехот за сите во “нашата земја“.
Потребата од целосна реорганизација и департизација на УЈП е повеќе од очигледна. УЈП сервис на бизнисот остана замислена именка во нашето партизирано и криминализирано општество.