ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Ова е најлошата последица после ковид

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ

Воспалението на срцевиот мускул е се’ почеста последица на ковидот, затоа внимавајте на овие симптоми, а доколку ги забележите – веднаш повикајте лекар!

Ако ви е дијагностициран миокардитис, најважно е да се одморите или да се воздржите од секаков силен физички напор најмалку три до шест месеци.

Скратен здив, болка во градите и лупање на срцето може да бидат симптоми на миокардитис.

Миокардитисот, воспаление на срцевиот мускул, се почесто се дијагностицира кај пациенти со вирусот Ковид 19. Затоа, многу е важно сите, особено оние на кои им е дијагностициран вирусот, да се запознаат со симптомите предизвикани од воспаление на срцевиот мускул. Миокардитисот всушност е предизвикан од одговорот на имунолошкиот систем на инфекција, а вирусите се најчести причини.

Објавени се неколку студии кои известуваат за зголемен број на дијагностициран миокардитис кај пациенти со корона, а кај некои дури е пријавен и како причина за смртта. Една студија тврди дека миокардитисот сочинува дури седум проценти од вкупната смртност кај заразените со коронавирус.

Самото воспаление е ограничено на срцето, но постои ризик од аритмии – неправилно чукање на срцето и брза прогресија до срцева слабост и кардиоген шок.

Кога треба да се посомневаме на миокардитис?

Главните симптоми на миокардитис предизвикан од коронавирус се:
отежнато дишење
болка во градите
лупање на срцето

Кај некои пациенти симптомите може да бидат благи, во форма на слабост и отежнато дишење, а кај други може да се јави силна болка во градите во форма на стегање. Клиничката слика често се влошува многу брзо со симптоми на тахикардија – забрзано чукање на срцето и акутна срцева слабост со развој на кардиоген шок.

Миокардитисот остава трајни последици

Она што исто така загрижува е последицата што миокардитисот ја остава на срцето.

Сè уште нема доволно студии кои се занимаваат со оваа тема, но дефинитивно е забележано дека кај поголем број луѓе со Ковид 19 воспалението остава лузни на срцето, во поголема или помала мера, дури и кај пациенти со благи симптоми, па дури и асимптоматски пациенти.

Овие лузни сигурно ќе играат улога во развојот на срцева слабост во иднина, за 10-20 години, во зависност од возраста на пациентот.

Генерално, веќе знаеме дека факторите на ризик за развој на потешка форма на инфекција со Ковид 19 се возраста и хроничните болести, но факторите на ризик за развој на миокардитис од Ковид 19 сè уште се непознати.

Миокардитисот може да ги погоди сите, без разлика на возраста, полот и здравствената состојба, но почесто помладите мажи.