МЕГА СКАНДАЛ: Дали е „усогласуван“ ПОПИСОТ 2021 година?

АНАЛИЗА

Атмосферата во земјава е сериозно загреана пред објавување на конечните разултати од Попис 2021 година, закажано за крајот на овој месец. Сите процедури се завршени, а резултатите веќе договорени, но не и констатирани согласно европските стандарди по кои се спроведуваше целата статистичка операција.

Нашите извори од пописната комисија, од вработени во Статистика, но и од дипломатите вклучени во процесот, информираат за скандалозен партиски пазар за конечните резултати, по волјата на ДУИ. Влогот бил опстојување на актуелната влада или нови избори.

Во овој момент додека се подготвува оваа анализа, информациите се дека пазарот сеуште трае, а предходно договореното помеѓу владините партнери е ставено под знак прашалник по вчерашното вмешување во работата на пописната комисија од страна на еден вицепремиер во актуелнава влада.

Изворите потврдуваат и она кое било веќе договорено, согласно предходните главни услови на етничките Албанци, за да не стават „вето“ на пописните резултати, но и новите нивни уцени.

Кој бил главниот услов на Албанците?

Главен услов на ДУИ бил вкупниот процент на албанската популација во земјава и во дијаспората да има „значителен“ раст, во однос на бројките од Попис 2002 година. Како потсетување, на тој попис Албанците беа под 18%, но официјалните објавени фалсификувани резултати поради Охридскиот договор беа 25.17%. Нивните „очекувања“ за Попис 2021 година се етничките Албанци, државјани на Македонија, да не бидат под 28%, вкупно во земјава и странство.

Според инсајдерски информации од пописната комисија, реалната бројка на резидентно население кое се изјаснило за етничко албанско на Попис 2022 година изнесува околу 16%, а останатите се иселени во странство, масовно попишани по силната кампања за максималистичко попишување на сите Албанци во дијаспората, на кои им се приклучија и албанскиот и косовскиот премиер Рама и Курти. Попишани се и сите Албанци со двојно државјанство, косовско или албанско, а во исто време и македонско.

Дипломатите информираат дека реалната бројка на етничко албанска популација во земјава и дијаспората изнесувала околу 26%, но албанскиот фактор во власта се заканил со „вето“ од заменикот директор во Статистика, согласно правото по Закон за попис, доколку тоа не е 28%.

Самите нивни функционери кои ја водеа кампањата за попишување на Албанци во дијаспората, си поставиле стапица. Самото масовно попишување во странство, покажало дека бројот на резиденти Албанци во земјава е паднат на 16%, што било црвен аларм за одговорните кај ДУИ.

НАЈВАЖНО условот на ДУИ, Албанците да прикажат раст, а Македонците пад во проценти, е исполнет и прифатен од останатите партии, иако тоа не е согласно реалноста која ја констатирале попишувачите.

Што било договорено?

Договорено било вкупниот број на иселено население од 20% да се прикаже во максимални 10% или резидентното население да биде околу 1.800.000 жители. Со тоа се признава огромното иселување на граѓаните во странство, но не во негов реален обем. Информациите говорат дека реалната бројка на резиденти во земјава е околу 1.600.000 жители, но поради непопишување на сите иселеници, создадени се услови тие да се прикажат како присутни во државата.

Падот од околу 20% од населението во земјава, а неговото прикажување во максимални 10% не било клучното договорено кај власта. Условот на албанскиот фактор во земјава да се прикаже вештачки раст на нивната популација, а намалување на Македонците било клучното прашање. Нашите извори информираат дека тоа бил единствен услов, а не колкава да биде таа бројка. Важно било да има раст кај Албанците, а намалување кај Македонците, без разлика што во реалноста пописот покажал обратно, раст кај Македонците поради намалување на вкупно население, а голем пад кај Албанците, особено поради иселувањето.

Тоа е суштинска политичка порака, за која биле особено сензитивни функционерите на ДУИ. Но проблемот кој настанал била одлуката од каде да се одземат тие 3%, а да се додадат кај етничките Албанци. Имало две можности, тоа да биде од бројката на останатите помали етнички заедници или со одземање од вкупната бројка кај Македонците. Тоа станало делумно возможно поради бојкот на попишувањето од македонската дијаспора, па намалувањето на вкупната бројка на етничките Македонци од околу 50.000 до 55.000 граѓани не претставувало особен проблем.

Одлуката била тоа да падне на грбот на етничките Македонци, со што вкупниот процент од 64,17% од Попис 2002 година, да се намали на околу 60% Македонци на Попис 2022 година. Останатите проценти да се распределат на помалите заедници, со приказ за делумно зголемување на нивниот процент. Тука влегува и бројот на етничките Бугари од околу 2600 до 2800 граѓани во апсолутна бројка.

Со тоа власта била смирена дека се исполнети сите желби на Албанците, тие да прикажат лажен раст на сметка на Македонците, со лажно прикажан пад во процентот од вкупното население во земјата и странство.

Но тука не застанале апетитите на високи владини функционери од ДУИ, кои се заканиле со напуштање на Владата доколку не се направат дополнителни корекции на конечните резултати, во полза на Албанците. Имено, тие побарале апсолутната бројка на етнички Албанци, државјани на Македонија во земјава и странство да не изнесува под 30%, а процентот на етнички Македонци да не изнесува над 59% од вкупно државјани во земјава и странство.

Со тоа бројката за „пазар“ помеѓу ДУИ и СДСМ се покачува на цели 5% од граѓаните, што е преголем залак и за оваа неспособна власт. Наводно, ДУИ предложиле дополнителен 1% да се одземе од Македонците и 1% од помалите етнички заедници, а тие да се додадат кај Албанците со што нивниот раст ќе биде од неверојатни 5% од Пописот 2002 година до сега.

Нашите извори од дипломатите вклучени во процесот, информираат дека ова е сеуште отворено прашање и нема согласност од македонска страна, но дека ДУИ силно притиска и СДСМ се подготвени и тоа да го „голтнат“. Дипломатите се сериозно загрижени, но и лути на односот на албанскиот фактор во пописот, размислувајќи силно да притискат работите да се сведат на чиста релана статистика, без било кои политички пазари и шовинистички пораки.

ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ДО СЕГА ДОГОВОРЕНОТО?

Македонците од 64,17% да паднат на околу 60%, а за сметка на тоа Албанците да се покачат од 25,17% на околу 28%, останатите помали етнички заедници да ги поделат другите 12% проценти, е ставено под прашалник од странскиот фактор. Реалните резултати покажале 66% кај Македонците, 24% кај Алабанците, а останатите на другите заедници.

Во овој момент странскиот притисокот е да се објават следниве бројки: 63% Македонци, 26% Албанци, 3% Турци, 3% Роми, 1% Срби, 1% Бошњаци, 0,5% Власи и 2,5% Останати.

Со ова би се смирили реакциите кај етничките Македонци со минимален пад на нивната бројка, Албанците би покажале раст, а останатите остануваат за нијанси погоре или подоле од состојбата од предходниот попис. „И волкот сит и овците на број“, изјави член на Комисијата.

На овој предлог ДУИ жестоко се спротиставува и станува неизвесно објавување на резултатите на закажаниот термин. Дали ќе се попушти под притисок на албанскиот фактор или ќе остане овој „усогласен“ краен резултат, останува да видиме за кратко.