ВУЧИЌ ПОЛУДЕ: Глава давам, Косово не го давам!

Изјави

Претседателот Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на телевизија Хепи се осврна и на случувањата во Белата куќа при потпишувањето на Вашингтонскиот договор.

Вучиќ изјави дека тогаш одбил да ја потпише точката за меѓусебно признавање, а слично било и во Брисел.

„Слично беше и во Брисел, беше 6 спрема 5 да се прифати членството на Косово во ОН, но јас имав најголема популарност и тогаш сфатија дека не можеме да го прифатиме тоа“, истакна Вучиќ, сакајќи да нагласи дека само поради него Косово не е независно.

Вучиќ наведува за постојаните тврдења на некои политичари дека ќе го „признаат Косово“.

„Знаеш ли колку пати Данило бил во Косово во последните 10 години, над 40 пати. А тие што ми велат дека се големи патриотски лидери, зошто не ги прашаш кога биле на Косово, видете како да ја извлечете Србија од тоа признавање.

„Косово, тоа го кажав и во Белата куќа кога ја отфрлив точката за меѓусебно признавање. Им реков на Марко и Синиша, не потпишувам по цена на мојата глава“.