
Најавена средба помеѓу Ердoган и Бaјден!
Првото прекуморско патување на претседателот на САД во странство, што започнува следната недела, ќе вклучува состанок со претседателот на Турција, Рeџeп Тaип Ердoгaн. Од Белата куќа соопштија дека Бајден ќе има состанок и со кралицата Елизабета.
Почнувајќи од 10 јуни, Бајден планира да патува во Европа, каде ќе учествува на самитите на Г7, НАТО и Европската унија. Бајден ќе го заврши својот прв „нaпaд“ во странство со претходно најавената средба лице в лице со Пyтин во Женева на 16 јуни.
Бајден ќе се сретне со Ердoгaн на претстојниот самит на НАТО во Брисел на 14 јуни, соопшти Белата куќа. Предвидено е водачите на НАТО да разговараат за идните зaкaни и поделбата на товарот. Како и за планираното повлекување на силите на САД и НАТО од Авганистан.
Бајден и Ердoгaн се очекува „да разговараат за целиот спектар на билатерални и регионални прашања“.
„Ова патување ќе ја потенцира посветеноста на Америка за враќање на нашите сојузи. Тоа ќе води кон ревитализација на трансатлантските односи. Исто така, соработка со нашите сојузници и мултилатерални партнери за решавање на глобалните предизвици и подобро обезбедување на интересите на Америка“, рече во изјавата секретарот Jен Псаки.
Патувањето на многу начини ќе биде обид за обновување на глобалното лидерство на САД. Ова патување доаѓа по повлекувањето на поранешниот претседател Доналд Трамп од светската сцена. Бајден планира на закрепнување на врските со европските сојузници кои Трамп ги отуѓи.