НАЈНОВА ВЕСТ: ЗАБРАНА за увоз на РУСКА НАФТА!

Свет

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе забранат увоз на руска нафта, гас и јаглен.

„Ова е потег што го договоривме со нашите сојузници и свесни сме дека нашите европски партнери можеби нема да можат да го следат овој чекор, бидејќи тие не произведуваат толку нафта како САД“, рече Бајден.

– Ова ќе биде уште еден силен удар за Путин, едноставно нема да ја платиме неговата војна, изјави претседателот на САД.