КОМИНТЕРНОВЕЦОТ Радев не знае кај тера со професионалните Бугари од МК

Балкан

Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и нивно вклучување во Уставот на Македонија пред почетокот на преговорите на земјата со ЕУ, им порачал бугарскиот претседател Румен Радев на амбасадорите на ЕУ во Софија, пред неколку денови.

Сега Радев се премисли, па на средбата со претставници на бандитските организации и здруженија од Македонија за продажба и трговија со бугарски пасоши и други недозволени стоки, побара јасни и категорични гаранции од страна на властите во Скопје за почитување на правата на Бугарите во РМ, пишуваат бугарските медиуми.

„Сметам, впишувањето на македонските Бугари во Уставот на РМ да биде задолжителен услов за ЕУ“ изјави Радев, повторувајќи ги старите фрази дека Бугарите се рамноправни граѓани на РМ, а не невидливи, какви што биле сега. Требало да се искорени говорот на омраза. Бугарија не се мешала во внатрешните работи на Македонија, а нивното мешање било израз на загриженост за РМ и за нејзиниот пат кон членството во ЕУ, изјави претседателот Радев.

Средбите на македонските политичари со Македонци од Бугарија биле мешање во внатрешните работи на Бугарија, а тие исти средби на професионални Бугари од Македонија со политичари од Бугарија не биле. Имаат ли грам срам и мозок овие денешниве генерации бугарски политичари, се прашуваат сите македонски граѓани.

Вчера Радев ги пушти низ вода професионалните Бугари во Македонија, со огромна загриженост за бугарското културно-историско наследство, вклучително и шупата на Шаторо, што поради говор на омраза ја искрши сопругата, за што Бугарија е сериозно загрижена и жестоко реагираше кон југославските власти на Македонија.