
ФАШИЗМОТ на Радев, Македонците биле „терористи“
Бугарскиот претседател Румен Радев гледа разлики помеѓу борбата на наводните Бугари во Македонија и Македонците во Бугарија. Едните се бореле за рамноправност, а другите за сепаратизам.
Според него Македонците од Бугарија организирани во ОМО Илинден се сепаратисти, што е рамно на споредба со терористи.
„Македонските Бугари се борат за рамноправност. Тоа е во корен различно од сепаратистичките претензии за малцинство кои ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“, вели Радев.
Неговиот фашизам оди до мера да не ги спомнува ниту како македонска заедница, а за Бугарите ги смета за конститутивен народ на Македонија.