ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Делчев од утре станува ЗАЕДНИЧКИ

Македонија

На последната средба помеѓу македонскиот и бугарскиот премиер, Ковачевски и Петков договориле дефинитивно „македонските Бугари“ да бидат дел од Уставот на Македонија и Гоце Делчев да стане „заеднички“, Бугарин кој ја сакал Македонија. Додека пак за Македонците во Бугарија да не се разговара, тоа било внатрешно прашање на Бугарија.

Заеднички ќе го чествуваме Гоце Делчев на 04.02.2022 година во Скопје, кажа премиерот на Бугарија, Кирил Петков пред парламентот во Софија информирајќи за текот на преговорите со нашата Влада.

-Договрено е Бугарите да бидат впишани во Уставот на Македонија. За рокот кога тоа ќе се случи, се уште се преговара. Бугарите во Македонија ќе имаат еднакви права со другите – рече Петков. За бугарскиот премиер, впишувањето на Бугарите во нашиот Устав нема да биде доволно, туку во текот на преговорите за членство на земјата во ЕУ, секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана – кажа претседателот на бугарската Влада.

150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев веќе е договoрено заеднички да го чествуваат двете земји, најави Петков. Гоце Делчев за Бугарија бил етнички Бугарин кој ја сакал Македонија и се борел за нејзината слобода. Од тука тој е заеднички историски лик и треба заедно да го чествуваме.

На тоа се согласил премиерот Ковачевски, кој прифати целосно заедничко одбележување на револуционерот Делчев.