
СКАНДАЛ: ТОДОРОВ за игрите на Заев со Комисијата со Бугарија
Историчарот Петар Тодоров од Институтот за национална историја во Скопје, информира дека Владата на Заев ја суспендира Комиисјата за историски прашања со Бугарија, односно не им ги обновиле договорите, со што тие не можат легитимно да постапуваат.
Дали тоа Заев намерно го прави за да обезбеди вакум простор, во услови на парализирана Комисија, да направи скандалозни отстапки на Бугарија на штета на Македонија, без да може Комисијата да дејствува?
Според историчарот Тодоров, проблемот со Бугарите за формулацијата „бугарски фашистички окупатор“, не е ниту во делот „бугарски“, ниту во “фашистички“ тукуи во „окупатор“. Тие не прифаќаат да бидат окупатори на Македонија, бидејќи ја сметаат за бугарска земја која ја ослободиле за време на Втората светска војна.
Токму обидот на Заев да го избриши тоа „бугарски“, а да остане само „фашистички окупатор“ е во прилог на филмот на Бугарија да каже дека тие биле ослободители, а само дел од Македонија била окупирана од италијанскиот фашистички окупатор. Со тоа, Заев ни подметнува кукавичко јајце, а Македонија ја прогласува за бугарска земја.
Запрашан за изјавите на Заев за релативизација на улогата на Бугарија во Втора светска војна, Тодор изјавува:
- Политичар кој коментира за историја, оди на тенок мраз и обратно!
Дали Заев свесно или несвесно, Македонија ја прогласува за бугарска земја, а Македонците за фашисти, останува да видиме следниве денови.