Божиновска: Од зелени инвестиции до модерна мрежа – можности за поголема соработка со Шведска

Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.

Во фокусот на разговорите беше претстојниот Прв форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жени во енергетиката “ (First Energy Diplomacy Forum), кој во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), ќе се одржи на 25 ноември во Скопје.

Амбасадорот Солстром ја истакна безрезервната поддршка од Амбасадата на Кралството Шведска за одржувањето на овој значаен настан, оценувајќи дека ваквите иницијативи се клучни за забрзување на зелената транзиција, привлекувањето зелени инвестиции и зајакнувањето на улогата на жените во енергетскиот сектор и енергетската дипломатија.

Министерката Божиновска изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на земјава, како преку размена на искуства и европски практики, така и преку поддршката на клучните реформски процеси во енергетиката.

На средбата соговорниците се осврнаа и на одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше потврдена заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување. Особено внимание беше посветено на можностите за интензивирање на соработката во делот на стратешките инфраструктурни проекти, модернизацијата на енергетската мрежа и развојот на капацитетите за обновливи извори на енергија.

Министерството продолжува преку зајакнување на енергетската отпорност и регионалното поврзување каковрвни приоритети, и продлабочената соработка со партнерските земји, како Шведска, да гради силен поттик за стабилен и одржлив енергетски развој на државата.