Ново „дрмање“ на пазарот – Денеска зголемување на цената на нафтата
Цената на нафтата на светските берзи бележи раст во текот на денешното тргување, поттикнат од зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток и загриженоста за снабдувањето со енергенси.
Нафтата од типот „Брент“ се тргуваше за околу 92,77 долари за барел, додека американската лесна нафта WTI достигна цена од 83,46 долари за барел.
На движењето на цените влијаат неизвесноста околу испораките на нафта, геополитичките тензии и очекувањата за понудата на светскиот пазар.
Во меѓувреме, возачите во Македонија во понеделник ќе ги очекуваат новите цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за малопродажните цени, која ќе стапи во сила од полноќ кон вторник.
Дали бензините и дизелот ќе поскапат или ќе поевтинат ќе зависи од движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари и курсот на доларот.
Новите цени ќе бидат познати по објавувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика во понеделник.
