Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија

Политика, Свет

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, потврди дека претседателот Доналд Трамп има намера следната недела во Шенжен да разговара со лидерите на Кина и Русија.

Кина минатата недела соопшти дека се разговара за средба на кинескиот претседател Шј Џјинпинг, Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. И руската страна претходно потврди дека се работи на подготовка на средба на тројцата лидери во рамки на Самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), што ќе се одржува на 18 и 19 ноември во Шенжен.

Рубио синоќа по состанокот на Г-7 во Париз пред новинарите изјави дека Трамп смета оти тројцата лидери треба да разговараат за „состојбата на нуклеарното оружје во светот“, бидејќи ширењето на нуклеарното оружје го смета за опасно.

Евентуалната средба на Трамп, Шји и Путин би можела да биде историска, иако експертите за надворешна политика сметаат дека е малку веројатно да има суштински разговор на тројцата лидери со спротивставени интереси. Пекинг не сака да разговара за нуклеарното оружје, додека Русија настојува да ја поткопа американската поддршка за Украина. Според познавачите, средбата најверојатно би се свела на заедничко фотографирање, при што Кина внимателно би го испланирала секој детаљ.

Се очекува Трамп во Шенжен да ја одржи третата средба годинава со Шји, со цел да се зачува кревкото трговско примирје што истекува во јануари.

На Самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) учествуваат 21 членка, меѓу кои и САД и Русија.